Изминатиов период се најавуваше вестта дека од 1 јули оваа година ќе се намали цената на струјата и ќе се врати ефтината тарифа. Но, од 1 јули на сила стапуваат нови цени за електричната енергија. Регулаторната комисија за енергетика најавува пониски цени на струјата за помалите потрошувачи, додека останатите блокови кои трошат највеќе ќе плаќаат поскапа струја.
„Во првиот блок намалување без ДДВ е 7,04 проценти, со ДДВ математички е пресметано е намалување од 0,28 проценти. За вториот блок е зголемување заради ДДВ-то 2,88 проценти, за третиот блок е 9,99 проценти за четвртиот блок е 9,87 проценти. За малите потрошувачи заради заокружување на бројките, бидејќи кај нив нема влијание на ДВВ, голем дел од компаниите прават поврат на ДВВ, е 0,3 отсто зголемување“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија
Регулаторна не отстапува ни од т.н ,,паметни“ броила кои ќе може далечински да се отчитуваат преку интернет конекција. Рокот за нивна замена е најмногу до две години. Овие броила ќе ја отчитуваат потрошената струја од првата до последната секунда во тековниот месец и со Бислимоски смета дека ќе се зголеми довербата на граѓаните и ќе се намали бројот на поплаки.Замената на броилата ќе биде вкалкулирана во цената која ќе ја плаќаат граѓаните.