Седницата на Комисијата за финансирање и буџет денеска не почна откако пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи побара одложување на седницата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, бидејќи не биле доставените материјали преведено на албански јазик, што е прекршување на Деловникот на Собранието.
На дневен ред на Комисијата беа поднесени 2.673 амандмани од пратениците на „Левица“, кои требаше да се разгледуваат, а кои не беа поднесени ниту на албански јазик.
Битиќи нагласи дека член 3 став 4 од Деловникот на Собранието предвидува пратениците кои зборуваат други јазици освен македонскиот јазик, кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, материјалите да ги добиваат на својот јазик, на време и во целост, за да можат рамноправно да учествуваат во дебатата.
Битиќи во својата процедурална интервенција нагласи дека според информациите добиени од генералниот секретар на Собранието, одговорот на неговото барање бил дека некој дополнително треба да одобри амандмани да се преведат на албански јазик. Овој одговор тој го оцени како апсурден, бидејќи преводот е процедурално и уставно право кое мора да се почитува, а не да биде предмет на дополнителни одобренија или политички калкулации.
На крајот, претседателката на Комисијата, Сања Љукаревска, констатира дека нема технички услови за продолжување на работата, поточно дека не може да се обезбеди превод на материјалите на албански јазик, поради што ја одложи седницата.