Заменик Премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се сретна со Едуардас Борисова, новоименуваниот амбасадор на Република Литванија во Република Македонија, со седиште во Загреб, соопштиja од Владата на Република Молдавија.
„Новоименуваната амбасадорка Борисова го информираше Битиќи за евроинтегративниот пат на Литванија и нејзиното позитивно искуство со овој процес, пред се во областа на економијата, што од соговорниците беше оценето како искуство што може да се искористи и за интегративните процеси на Македонија во Европска Унија .
На средбата беше истакнато од двете страни дека одличните политички односи меѓу Литванија и Македонија треба да бидат основа за отворање нова ера во односите меѓу земјите во однос на развојот на економските односи, унапредувањето на трговската размена и зголемувањето на довербата.меѓу бизнис заедниците на двете земји“, се наведува во соопштението.
Енергијата, со посебен акцент на транзицијата кон обновливи извори на енергија, иновативните технологии и ИКТ индустријата, додаваат од таму, беа оценети како сектори во кои постојат добри и реални можности за продлабочување на економските врски меѓу двете земји.