Битиќи: Грижата за секое дете е врвен приоритет на Владата

Грижата за секое дете е врвен приоритет на Владата и токму затоа ги зголемуваме капацитетите на градинките во целата држава и градиме нови.

На Меѓународниот ден на детето 20 Ноември, заедно со Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска официјално ја отворивме доградбата на објект „Кокиче “ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во Општина Кисела Вода за кој Владата преку Министерството за труд и социјална политика инвестираше над 1 милион и 300 илјади денари.

Ова ќе го прошири капацитетот за уште 56 деца, а од почетокот на мандатот на Владата во периодот од 2017-2023 година, отворени се вкупно 83 градинки или проширување на градинки низ целата држава, со кои е зголемен капацитетот на деца за околу 8.000 нови места.

Секое дете заслужува еднаква основа и услови за развој, а пристапот до квалитетно образование од најрана возраст претставува право на секое дете.

Градинките не се само градежен проект, туку инвестиција во потенцијалот на секое дете. Инвестираме во секое дете! Градиме едно општество за сите!