Битиќи: Заемот од Унгарија ќе донесе корозивен капитал кој има потенцијал да ја изеде економијата и демократијата на земјата

„Заемот од Унгарија носи финансиска обврска за државата, но и корозивен капитал кој има потенцијал да ни ги изеде економијата и демократијата. Ова задолжување не се прави за развој на економијата, за создавање додадена вредност за локалните бизниси, за зголемување на нивната конкурентност и конкуренција, целта е вгнездена надвор од економијата, во политичката сфера“, вели пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќ во изјава за „Фронтлајн“. “.

Тој посочува дека здравото економско размислување не може да доведе до склучување на ваков договор.

„Државата се турка во типична ситуација за изградба на односи меѓу авторитарни држави, а тоа е инструментализација на економските ресурси за остварување на надворешни политички цели. Проблемот е што овие цели, на кои подлежи нашата држава, отстапуваат од западните демократски вредности и принципи. Но, очигледно е дека овие вредности немаат ништо за самата влада, самиот процес на задолжување започна со нивно кршење, надвор од институционалните рамки, приватно, под превезот на тајноста, се согласија на задолжувањето“, вели Битиќи.

Тој додава дека се соочуваме со пошироко корозивно влијание врз општеството, институционализирање на надворешните политички влијанија и уништување на вредностите на кои се заснова демократијата на земјата.