Битиќи: За истите производи имаме повисоки цени отколку во Германија, некој профитира на сметка на народот
„Доколку владата го спроведе Законот за нелојална трговија, целосно како што е предвидено, тоа ќе донесе регулација на пазарот и таква појава нема да ни се случи. Замислете, на ниско ниво на инфлација, да има зголемувања на цените кои се десет пати повисоки од инфлацијата. Ова е феномен. Значи не може да имаш ист производ на 30 километри од Скопје што е двојно поевтин. И ова е производ што не се произведува на Балканот, но во Германија, не може. Значи, некој овде сака да искористи и да удри по џебот на граѓаните“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.
„Државата треба да влезе во регулирање на пазарот преку регулирање на одредени инструменти, како што е законот за нелојална трговска практика, кој треба целосно да се имплементира. Bладата не е таа што треба да ги штити интересите на бизнисмените, туку интересите на граѓаните, бидејќи од таму го црпи легитимитетот“, рече Битиќи.
Тој се осврна на неспроведувањето на Законот за трговска пракса, високите цени на пазарите, но и на сетот мерки предложени од пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
Битиќи нагласи дека со сетот мерки ќе се намалат цените и до 30%, како и со имплементација на Законот за мерки за нелојална трговија.
„За време на нашата влада имавме и инфлација, но имавме покачувања на плати и приходи. Реално и тогаш се зголеми животниот стандард, но платите се зголемија. Сега имаме зголемени трошоци за живот, трошиме повеќе, платите стагнираат, па дури и просечната плата се намалува“, рече Битиќи.