Битиќи: Најавеното вонинституционално задолжување ќе го зголеми јавниот долг на 66 отсто од БДП

„Во стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека јавниот долг ќе се зголеми над 60 отсто од БДП. Контрадикторно е што тоа никаде не се споменува во нивната програма Платформа 1198, но со најавеното задолжување од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БПВ“, изјави пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во „ 24 Анализа“.

Коментирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски за задолжувањето на државата од милијарда евра, Битиќи нагласи дека според мислењето имаме промена во реториката, она што беше важно до вчера, денес се релативизира.

„Одеднаш се вели дека не е важно колкав е процентот на јавниот долг, до вчера беше, не е важно начинот на задолжување, до вчера беше, не е важно кој ви дал овластување. да се преговара за долг од една милијарда евра, до вчера беше , сега не е важно, важно е да се достигне милијарда евра“, рече Битиќи и додаде дека тоа е вонинституционална преговори за која Мицкоски не е овластен од некој да го стори тоа.

Прво, нагласи, треба да се формира влада, да се вклучат институции, потоа институционално да се преговара за долгот и потоа да се објави состојбата со долгот.

Тој додаде дека тоа е нелегитимно приватно преговарање за државниот долг.

Битиќи нагласи дека со задолжувањето на овој начин се испраќа порака дека идната влада сака да се откаже од 840 милиони евра од Европската комисија, посветени на Македонија преку Планот на ЕУ за економски раст.