Бијонсе направи изненадувачки потег откако не ги распродаде сите билети за концертот

Откако не успеа да ги распродаде билетите за британскиот дел од нејзината турнеја „Каубој Картер“, Бијонсе изненади многумина со својот последен потег.

И покрај добрата организација, 43-годишната пејачка не успеа целосно да распродаде ниту еден од своите шест закажани настапи на стадионот „Тотенхем Хотспур“ во северен Лондон.

Во врска со ова, таа одлучи да ги подели останатите билети за хуманитарни цели. Според британските медиуми, некои организации нуделе билети на семејства со ниски приходи, за да имаат можност да присуствуваат на концертот.

Инаку, Бијонсе има закажано шест настапи во Лондон ова лето. Таа веќе одржа два концерта, а уште настапи се закажани за 10, 12, 14 и 16 јуни.

Сепак, од понеделник вечерта, наводно сè уште имало стотици достапни билети за нејзиниот трет концерт во петок, а изданието објави дека сè уште имало непродадени седишта во 75 секции.

Кога билетите беа пуштени во продажба во февруари, обожавателите беа изненадени од цената на најскапите билети, кои чинеа повеќе од 1.100 евра. Сепак, цените беа намалени пред концертот, а билетите во претпродажба за обожавателите сега, според извештаите, се намалени на 165 евра.