ОТКАКО не успеала да ги распродаде сите билети за нејзините шест концерти во Лондон како дел од турнејата „Cowboy Carter“, 43-годишната Бијонсе одлучила да ги донира празните седишта во добротворни цели.
На трибините на стадионот „Тотенхем Хотспур“ во Северен Лондон останале непополнети седишта. „The Sun “ пишува дека Бијонсе ги пподелила тие билети на оние за кои концертот би бил недостижен луксуз – семејства со пониски приходи, преку локални хуманитарни здруженија. Музичката дива настапува во Лондон шест пати во текот на јуни: 5, 7, 10, 12, 14 и 16 јуни.
Иако стадионот може да прими околу 62.000 луѓе, сè уште има стотици достапни билети за третиот концерт, кој се одржува вечерва, а наводно дури 75 сектори остануваат непополнети.
Послаба продажба и во САД
За првиот концерт, цените се движеле од 71 фунта за седишта со ограничен поглед до 278 фунти за подобри седишта. Ова е во спротивност со нејзината турнеја „Renaissance“ минатата година, кога билетите во Велика Британија беа распродадени за само неколку минути.
Слично било и во САД, каде што продажбата на билети исто така не била толку брза како што се очекувало. Нејзиниот тим сè уште не коментирал за овие обвинувања.