Бијонсе претрпе неуспех на Греми наградите: Сите зборуваат за жиците кои ѝ се пробиваа низ градите „Мора да беше болна“ – фановите не можат да престанат (фото)
67. Греми награди , што се одржа во Лос Анџелес во неделата, на 2 јануари, е најважниот настан во музичкиот свет. Оваа церемонија траеше неверојатни осум часа и ги собра најголемите ѕвезди од поп, рок, кантри и хип-хоп, а
светот не престанува да зуи за славната
Бијонсе, почнувајќи од нејзините награди, преку изразите на лицето и стајлингот.
Имено, Бијонсе го покажа најдоброто од себе во гламурозен аутфит во фустан, но многумина на социјалните мрежи забележаа дека пејачката имала една несреќа.
Додека излегуваше на сцената за да ја прими наградата за најдобар кантри албум, која и’ ја врачи Тејлор Свифт, Бијонсе имаше „мала несреќа“ кога и’ испаднаа жиците од градникот. Сепак, изгледа дека на дивата воопшто не и’ пречела ваквата ситуација, а многу нејзини обожаватели се поистоветуваат со оваа ситуација и побрзале да остават коментари, пренесува „People”.
,,Сигурно и се слошило кога сфатила што направи“, напишал еден корисник.
„Сега е како сите нас“, на шега додаде другиот.
Ова не е единствената ситуација која ја стави Бијонсе во центарот на вниманието. Нејзиниот израз на лицето стана меме преку ноќ затоа што остана крајно шокирана кога ја повикаа за добивање на долгоочекуваниот Греми за најдобар кантри албум за „Cowboy Carter“, а ниту Џеј Зи не го криеше своето изненадување.
Покрај освојувањето на најдобар кантри албум, Бијонсе беше номинирана и за 10 други награди , што ја прави најноминирана изведувачка на вечерта. Таа веќе го држи рекордот за најмногу Греми во кариерата со неверојатни 32 награди, не вклучувајќи ги наградите што ги освои вечерва.