Американската пејачка е позната по својот провокативен стил, а ова е секако едно од најшокантните изданија снимени на аеродром.
Пејачката Кеша се појави на аеродромот во Лос Анџелес во најкратко можно здолниште.
37-годишната американска кантавторка блесна насмевка кога пристигна на терминалот облечена во црн кроп топ со шлиц на средина во комбинација со кратко црно мини здолниште и тренерки на Адидас.
Здолништето беше толку кратко што и се гледаше долниот дел, но тоа не и пречеше многу. Трпеливо чекала на ред за проверка на багажот, а потоа се качила во авионот.
За Кеша ова е очигледно адекватна облека за патување, а стајлингот би изгледал вулгарен каде и да се појави во неа. Да не зборуваме за аеродромот.
Оваа спортско-елегантна модна мешавина сигурно ги изненадила останатите патници, иако модните шокови станаа толку вообичаени што полека прераснуваат во вообичаена глетка, што секако не ги прави помалку погрешни и несоодветни.