Близок соработник на Џо Бајден укажува дека стратешките цели на Владимир Путин во војната против Украина не успеале

Џон Кирби, координатор по стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа, ја коментираше изјавата на претседателот на САД, Џо Бајден, дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „ја изгуби војната“ во Украина.

Тој (Владимир Путин) сакаше да ја избрише Украина од лицето на земјата како независна држава. Тој сакаше да ја отстрани администрацијата на Володимир Зеленски. Сакаше да ја покори Украина и да ја направи дел од Русија како провинција. Ништо од тоа не му успеа“, изјавил Џон Кирби денес во интервју за Voice of America.

Додаде дека Владимир Путин исто така не успеал да изврши „раскол кај Запад, да ја раздели НАТО и да покаже дека меѓу САД и сојузниците постои разединетост“.

НАТО сега е уште посилно … И тоа е реално сведоштво не само на акциите на Владимир Путин но и на лидерството на претседателот Џо Бајден на светската сцена“, изјави Џон Кирби.

Тој исто така вети поддршка за Украина во областа на одбраната од земјите на Г-7, а до нејзиниот влез во воената Алијанса.