Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Тел Авив ги повика Израел и Палестинците да ги смират тензиите и повтори дека одамна блокираната визија за мир е „единствениот пат“ напред.
– Одговорност на сите е да преземе чекори за смирување на тензиите, а не да ги разгоруваме, истакна Блинкен.
Тој наведе дека минатонеделниот напад врз синагогата во Ерусалим „беше повеќе од напад врз поединци, тоа беше и напад на универзалниот чин на практикување на својата вера“.
– Ги осудуваме сите оние кои слават какви било акти на тероризам што одземаат невини животи, без оглед кој е жртва или во што верува, наведе Блинкен, додавајќи дека повиците за одмазда против невини жртви не се одговор.
Претходно, Блинкен во Каиро изјави дека Вашингтон и понатаму цврсто верува во преговараното решение „две држави како единствен пат кон трајно решение на конфликтот“.
Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси за начините за намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, како дел од тридневната посета на земјите од Блискиот Исток. За утре е предвидено Блинкен сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас