Блинкен пристигна во Јужна Кореја, каде ќе присуствува на Самитот за демократија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Јужна Кореја, каде ќе присуствува на Самитот за демократија, мултинационална група предводена од САД, чија цел е промовирање на солидарноста и заедничките интереси меѓу демократските земји.

Дводневната посета на Блинкен на оваа азиска земја ќе опфати разговори со јужнокорејскиот министер и амбасадор Чо Тае-Јул, што е втора средба меѓу двајцата високи функционери за помалку од еден месец, по претходната одржана во Вашингтон минатиот месец.

Исто така, се очекува американскиот државен секретар да има средба и со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, јавија јужнокорејските медиуми. Седницата на Демократскиот форум и состанокот со  Чо Тае-Јул се закажани за утре, а како што Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо и Блинкен ќе разговараат за демократската соработка, начините за зајакнување на сојузот меѓу двете земји и други прашања од заеднички интерес, вклучително и ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во регионот.

Првиот ден ќе се одржи министерска седница, а потоа и панел дискусија на која ќе учествуваат групи граѓани. Самитот ќе трае од 18 до 20 март.