Богоев го критикува молкот на пратениците на конститутивната седница

На последната конститутивна седница на Собранието, молкот на новите пратеници на Социјалдемократскиот сојуз и на Коалицијата за европска иднина предизвика критики во партијата. Стефан Богоев, член на СДСМ, на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство, нагласувајќи дека пратениците се избираат да дебатираат и расправаат за прашања во Собранието, а не само да бидат физички присутни. Тој оценува дека пратениците треба да расправаат во Собранието, а не да молчат.

„Пратениците да знаат дека се избрани од народот да дебатираат и расправаат во Собрание, а не да се фотографираат и да молчат!
Особено на седниците на кои се формира владејачкото мнозинство и се избира претседател на Собранието.
СДСМ треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието.
Така да биде од почеток, во спротивно други партии ќе го заземат опозицискиот простор“, напиша Богоев на социјалните мрежи.

18 пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина иако беа присутни не учествуваа на гласањето за избор на претседател на Собранието.