Бодибилдерот лежеше 15 часа без свест во теретана, мајката Даниела очајна: „Никој не го забележа, сега е во кома“
Бодибилдерот лежеше онесвестен во соблекувалната на салата во Перт 15 часа и лекарите мораа да го стават во индуцирана кома за да се обидат да му го спасат животот.
Бодибилдерот Џулијано Пироне се онесвестил под туш во 24-часовна теретана и никој не го забележал цели 15 часа.
Мајката на Џулијано, Даниела, рече дека нејзиниот син отишол во теретана на 20 август пред работа. Џулијан го пронашле онесвестен дури навечер, во туш кабината каде непрекинато се излевала студена вода.
„Мојот син сега е во кома, во болница во Перт“, вели очајната мајка.
Даниела раскажала дека Џулијано кобниот ден отишол во теретана пред работа, а бидејќи тој не и се јавувал во текот на денот, ниту пак одговарал на нејзините повици во текот на попладневните часови, почнала да ја фаќа паника.
Загрижена им се јавила на неговите пријатели, поранешната сопруга, колегите, но сите и рекле дека ниту го виделе ниту слушнале Џулијано.
„Беше многу необично, беше толку различно од него“, рече Даниела.
Таа веднаш отишла во полиција каде го пријавила како исчезнат. Инспекторите веднаш се обиделе да го лоцираат мобилниот телефон на Џулијано и дошол сигнал од салата.
„Полицијата упадна во објектот, го нашла под туш кабина, каде што течела студена вода. Беше на подот, без свест“, рекла мајката.
Мислеа дека е мртов“, додала Даниела.
Меѓутоа, бидејќи тој се уште имал пулс, полицијата го започнала процесот на реанимација и Џулијано накратко се освестил, по што веднаш бил пренесен во болница.
„Полицаецот што го најде потоа дојде по мене и мојот сопруг и не однесе во болница. Јас сум секогаш со мојот син“, објаснува мајката.
Даниела објаснила дека туш кабината каде го пронашле нејзиниот син била заклучена, а полицајците ја кршеле вратата.
„Џулијано му пратил порака на другарот во 7:03 часот, а го нашле дури после 22:30 часот“, вели Даниела и додава дека е во целосен шок што 3 часа никој не забележал ништо чудно.
Таа истакнува дека камерите го снимиле Џулијано како паркира пред теретана неколку минути пред 5 часот наутро и дека никому не му било чудно што 17 часа подоцна неговиот автомобил се уште бил таму.
„Тие спортски сали се небезбедни. Тие треба да имаат некаков систем за пријавување, па ако некој член не се одјави по два или три часа, некој од персоналот треба да провери каде е таа личност. Можеби мојот син не би во кома ако некој пронајде за час или два“, вели Даниела.
Таа не кажа што точно се случило со нејзиниот син или зошто лекарите го ставиле во индуцирана кома. Единствено што кажала е дека нејзиниот син удрил со глава кога паднал во кабината.