“БОЖЕ, БОЖЕ…“ – Првите зборови на наставничката во која пукаше детето монструм Коста К.: Потресена и во шок, постојано повторува само една реченица !?
Српските медиуми пишуваат дека наставничката по историја, која беше ранета од 13-годишното момче Коста К. во масакарот во основно училиште на Врачар, со денови не може да поверува што се случило. Во разговорот со докторите таа постојано повторувала дека немало индикации дека момчето ќе направи нешто толку грозно, пишува српски Курир.
Според докторите кои ја згрижуваат на хируршкото одделение на Клиничкиот центар на Србија, иако сега е надвор од животна опасност и велат дека се чувствува добро, наставничката Марија во шок само повторувала: „Боже! Боже, што ни се случи! За што му требаше ова ?“
Како што пренесува Курир, поради тешките повреди ја чека уште една ортопедска операција.