БОЖИЌНА ЗАБАВА ОД “ПЕКОЛОТ“ – Над 700 луѓе се разболеле по свечената вечера на една од најголемите компании во Франција
Се верува дека повеќе од 700 вработени во авио-компанијата „Ербас Атлантик“ се разболеле по божиќната вечера во компанијата, соопштија денес здравствените власти во Франција.
По божиќната вечера во седиштето на компанијата во западна Франција, вработените масовно пријавиле стомачни проблеми проследени со повраќање и дијареа, објавија здравствените власти.
Засега не е познато што имало на менито на празничната вечера пред Божиќ, која се претворила во „кошмар“, јавува BBC.
Здравствената агенција АРС не соопшти детали за тоа која храна би можела да ги предизвика овие симптоми, а започната е истрага за откривање на изворот на масовното труење со храна.
„Ербас Атлантик“ е филијала на најголемиот светски производител на авиони „Ербас“, кој вработува 15.000 луѓе во пет земји.
„Ербас“ се уште нема одговорено на барањето на BBC за коментар за случајот.