Бока од Скопје побара ЕУ фундаментално да се промени

Министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока денеска од Скопје порача дека унгарската влада има јасна и својствена ЕУ-политика. Смета дека проширувањето ќе ги направи сите посилни. Во контекстот на соработката вели дека заинтересирани се за успешна ЕУ и дека успехот на европското семејство ќе биде успех и на секоја земја-членка.

-Исто така во моментов веруваме дека нема алтернатива на процесот на евроспките интеграции и во наш интерес е тој процес да функционира за сите Европејци. Исто така сите сме убедени за да бидеме успешни и да останеме, ЕУ треба фундаментално да се промени – не за промена на одредени ЕУ политики туку за промени на методологии и на одредени темелни постулати. Унгарското претседателство јасно ги кажа потребите од тие промени. Секако, ова понекогаш носи институционални конфликти и политички дискусии. Ние никогаш не се срамевме да ги кажеме нашите цврсти ставови во ЕУ и секогаш се трудиме ЕУ да се движи во вистинска насока, рече Бока одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Орхан Муртезани.

Унгарскиот министер исто така нагласи дека Западниот Балкан треба да биде еден од најважните корисници на „ентузијазмот“ и дека официјална Будимпешта работи во таа насока.