Боки 13 опериран, докторите открија во каква состојба е: му извадиле 90 отсто од желудникот

Неговиот адвокат истакна дека постапката била многу ризична.

Во болницата „Свети Наум Охридски Скопје“ вчера беше опериран Бојан Јовановски, што за српските медиуми го откри неговиот адвокат, а сега се огласи и доктор Јованов, дигестивен хирург од градската болница, кој за „Слободен печат“ откри „Во каква состојба е Јовановски.

– Направивме субтотална ресекција на желудникот. Отстранети се ткива со преканцерозни клетки. Тоа беше долга и тешка операција, по која животот на пациентот е во опасност, бидејќи не знаеме како ќе се одвива постоперативниот тек. Јовановски не е свесен и не е на апарати. Отстранет е речиси целиот желудник, најмногу 15 отсто од желудникот само е останат – Др. Јованов, еден од хирурзите кои ја извршија интервенцијата и додаде дека пациентите со вакви операции мора да имаат строга диета, да јадат 10 пати на ден со многу мали количини мешана храна и да бидат на постојана терапија.

Инаку, Боки 13 вчера беше однесен на операција, а неговиот адвокат откри дека постапката е многу ризична.

– Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција која е многу ризична и опасна по живот, за чии последици повеќепати писмено укажуваат лекари специјалисти од областа.

Да потсетиме, во 2019 година бомба беше што Боки 13 беше уапсен под обвинение за рекет, а целата акција се одвиваше на пат кон Миконос, на граничниот премин кон Грција.