Запрашан за очекуваниот исход и колку ќе трае операцијата, адвокатот не даде прецизен одговор.
Контроверзниот македонски пејач и мултимедијален човек, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, деновиве е на операција во болницата „Свети Наум Охридски Скопје“ .
Имено, тој утринава бил однесен во операциона сала, што го потврди и неговиот адвокат, а тој изјавил дека операцијата е многу ризична и опасна по живот.
По сите лекарски прегледи, денеска на Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски Скопје, на Бојан Јовановски му е извршена хируршка интервенција од тим од неколку специјалисти – хирурзи – изјави за „Макфакс“ адвокатот Туфегџиќ, додавајќи:
– Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција која е многу ризична и опасна по живот, за чии последици писмено повеќепати укажуваат лекари специјалисти од областа.
Запрашан за очекуваниот исход и колку ќе трае операцијата, адвокатот не даде прецизен одговор.
– Поради сложеноста, карактерот и сериозноста на целата ситуација, во овој момент не можат да споделат повеќе информации.
Познато е дека адвокатот на пејачката веќе извесно време ја бара оваа операција, како и похумани услови за Боки, бидејќи како што велат, тој не може да закрепне во затворски услови.