БОЛКАТА ВО СТОМАК кај децата може да биде еден од првите симптоми на ЦЕЛИЈАКИЈА: Еве што треба да знаете за ова хронично нарушување

За жал, тоа е сè почесто пореметување кое се среќава, речиси на секој чекор.

Целијачната болест е хронично дигестивно нарушување кое се јавува кај деца кои не можат правилно да го сварат глутенот, поточно протеинот што се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и другите житарки. Иако точната причина за оваа болест се уште не е со сигурност позната, педијатрите сметаат дека е наследна. Исто така, сè уште има многу луѓе кои имаат целијачна болест и никогаш не им е дијагностицирана.

Според Kids Health, постојат одредени симптоми кои може да укажуваат на целијачна болест кај детето, а родителите често ги игнорираат или мислат дека причината е нешто побезначајно. Ова ги вклучува следните знаци: абдоминална болка, надуеност, дијареа, ненадејно губење на апетит, губење на тежината, проблеми со растот.

Освен овие симптоми, педијатрите предупредуваат дека децата со целијачна болест често може да се чувствуваат уморни и раздразливи. Некои добиваат и осип на кожата или рани на устата. Проблемот понекогаш се меша со други дигестивни проблеми како што се воспалителна болест на цревата (IBD) или нетолеранција на лактоза. Исто така, во некои случаи, детето нема да има никакви симптоми, а потоа одеднаш ќе почне да има проблеми во периоди на зголемен стрес или нагло слабеење на имунитетот.