,,Болката е голема” – Индира Радиќ низ солзи откри зошто се повлекла од јавната сцена: Отворено проговори за непознати детали од приватниот живот! (фото)

Индира Радиќ по огромната популарност која ја стекна со големите хитови, реши да се повлече од медиумите и да го балансира приватниот и деловниот живот.

Една од главните причини за нејзиното отсуство од јавната сцена била болеста на нејзината мајка Роза, а сега во искрено интервју за српскиот портал ,,Курир” призна дека ги изгубила двајцата родители поради што долго време била многу тажна.

Индира Радиќ

– Мајко… не можам… веќе ќе почнам да плачам, подобро ако… Мајка ми Роза повеќе не е со нас. Многу боли кога ќе ја изгубиш мајката. И ги изгубив и татко ми и мајка ми, па болката е голема. Мајка и татко, тоа е како куќа, тоа е покрив, тоа е небо, тоа е нешто што нè држи во живот.

– Кога ќе ја изгубиме таа поддршка, потребно е долго време некако да се помириме, да се издигнеме над неа и да сфатиме дека нашите родители се некаде околу нас, дека нè штитат, дека се како нашите ангели чувари. Затоа, драги мои, грижете се за родителите, гушкајте, бакнувајте, јавете им се, бидете секогаш тука за да не се каете кога ќе ги нема – изјавила пејачката совладана од силна емоција.

Познато е дека Горан Ратковиќ Рале направи голем број хитови за Индира. Пејачката откри како сега изгледа нивната соработка, но се осврна и на емотивната врска помеѓу Рале и Ана Николиќ.

– Рале сега ми прави песна. Рале е човек кој работи за сите пејачи и секој пејач има свој глас. Зедов една песна од Рале, можеби ќе се направат уште, но таа некако ми е типична. Што се однесува до Ана, и тој ќе направи нешто за неа. Пред сè тие се сограѓани, соседи. Ана е од Параќин, а Рале од Појата. Значи некаде е таа линија. Веројатно постои супер енергија меѓу нив, бидејќи се познаваат.