БОЛТОН: ТРАМП СЕ ПРЕДАДЕ НА ПУТИН, ВО МОСКВА ПИЈАТ ВОДКА ДИРЕКТНО ОД ШИШЕ Поранешен советник на Белата куќа вели дека во Русија слават по разговорите со американскиот претседател
Џон Болтон за Си-Ен-Ен изјави дека Трамп му се предал на Путин уште пред почетокот на преговорите за Украина
Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност во Белата куќа во првата администрација на Доналд Трамп, рече дека американскиот претседател „во суштина му се предаде на (рускиот претседател Владимир) Путин уште пред да започнат преговорите (за завршување на војната во Украина).
Поранешниот американски амбасадор во ОН присуствуваше на првиот самит на Трамп со Путин, одржан во јули 2018 година во финскиот главен град Хелсинки, како советник на Трамп.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2025/02/2199706.jpg)
Болтон синоќа се појави на Си-Ен-Ен за да го коментира телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, по што американскиот претседател рече дека очекува неговата прва средба со рускиот претседател по враќањето во Белата куќа да биде во Саудиска Арабија .
– Сосема е јасно дека Путин вечерва извојува неколку победи. Тој не сака да преговара со Зеленски, туку со Трамп, бидејќи смета дека тоа ќе биде поповолно за Русија. И тој е апсолутно во право – изјави Болтон.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2025/02/2198629-1-1024x684.jpg)
Тој оцени дека Путин „не може да биде посреќен“ по овој разговор со Трамп.
– Ти велам, вечерва во Кремљ пијат вотка директно од шишето. „Тоа беше одличен ден за Москва“, заклучи Болтон.