Милано го фрли во втор план штом се појави…
Познатата актерка, мексиканската дива Салма Хајек (57) беше меѓу ѕвездите кои се појавија на Модната недела во Милано, а присуствуваше и на ревијата на култната модна куќа „Гучи“.
Очекувано, за оваа пригода беше облечена во гардероба „Гучи“, која беше во бордо боја. Своите облини и завидната фигура ги истакна со лакирана кратка јакна и тесно здолниште, а впечатлив детаљ беа чевлите на платформа.
На престижниот настан дојде со сопругот, а на Инстаграм заедно со фотографии од автомобилот откри дека за малку ќе ја пропуштила ревијата поради густ сообраќај.
„Сообраќајот во Милано за време на модната недела е невозможен. За малку не стигнав до неверојатното шоу „Гучи““, напишала Салма Хајек, а во коментарите, освен што е најубавата жена на светот, и порачале: „Барем јас ги имам твоите проблеми…“