Бомбастичното деколте на една од најубавите жени на светот: Каде и да зачекори здивот на сите им застанува

Таа е актерка, комичарка, телевизиска водителка и модел – сосема едноставно, жена за сите времиња.

Софија Вергара (51) заслужено ја носи титулата на една од најубавите жени на светот и привлекува внимание каде и да се појави – дали во лежерно, провокативно или елегантно издание.

Таа секогаш кога ќе се појави го освојува црвениот тепих, а сите погледи беа вперени во неа кога позираше во тесен сребрен фустан кој ги покажа сите нејзини облини, со длабоко деколте.

Овој пат членот на жирито на забавната шоу програма „America’s Got Talent“ беше целиот во сребрена боја, од глава до пети. Стајлингот го заокружи со импозантна огрлица и сребрени сандали, а шминката дополнително ги истакна нејзините убави црти.

Можеби изгледаше киче по нечиј вкус, но сигурно би замижиле доколку има моден неуспех.

Фото: Profimedia