Мицкоски во Клик Плус одговара за кои лица од партијата ВМРО-ДПМНЕ стравува дека ќе се најдат на листата со бугарски пасоши?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ одговари за кои лица од партијата ВМРО-ДПМНЕ стравува дека ќе се најдат на листата со бугарски пасоши.

„Не е тоа суштинско прашање, што ако ги објават. Еве ќе објават претпоставувам, има многумина што имаат и хрватско државјанство, има многумина што имаат и друго државјанство, не мора да е бугарско“, вели Мицкоски.

Според него, многумина ваделе бугарско државјанство поради економски причини.

„Што не ваделе пред Бугарија да влезе во ЕУ?“, праша Мицкоски.