„Рускиот дефицит нема да надмине два отсто од БДП“

Дефицитот на рускиот буџет во 2023 година нема да надмине два отсто од БДП, изјави денеска министерот за финансии на оваа земја Антон Силуанов за време на Московскиот финансиски форум.

Тоа е во согласност со планираните показатели, рече Силуанов.

„Приходите – и од нафтата и од гасот и другите приходи – ги надминуваат нашите цели. Затоа, дефицитот на федералниот буџет дефинитивно нема да надмине два проценти, а можно е да биде и помал. Се ќе зависи од обемот на расходите на крајот на годината“, изјави Силуанов, пренесува Тас.

Според податоците на Министерството за финансии на Русија, дефицитот на федералниот буџет во 2024 година ќе изнесува 1,595 билиони рубљи или 15,54 милијарди евра, што претставува 0,9 од БДП на Русија.

Во 2025 година Министерството очекува буџетски дефицит од 830 милијарди рубљи, односно 8,05 милијарди евра – 0,4 отсто од рускиот БДП, а во 2026 година дефицит од 1,536 милијарди рубљи, односно околу 14,97 милијарди евра – 0,8 отсто од БДП на Русија. .