Заврши изградбата на најголемата соларна централа во регионот

Меј Енерџи инсталираше фотоволтаична централа од 55 мегавати во Новаци, Северна Македонија.

Во моментов, ова е најголемата соларна централа во регионот на Западен Балкан.

Откако соларната централа од 45 мегавати беше пуштена во пробна работа во Босна и Херцеговина, Северна Македонија го има најголемиот фотоволтаичен систем во регионот на своја територија. Меј енерџи објави дека ја завршила изградбата на соларна централа од 55 мегавати во општина Новаци, во срцето на индустријата за јаглен, пишува порталот за енергетика Србија.

Сончевата централа е поставена веднаш до рудникот за јаглен Суводол. Компанијата најави дека до крајот на месецот ќе започне со производство на електрична енергија. Централата Новаци ќе има годишно производство проценето на 85 гигават-часови, што е еднакво на потрошувачката на енергија на 30.000 домаќинства.

Инвестицијата е вредна 40 милиони евра. Оваа фотоволтаична централа зафаќа 57 хектари и се состои од 101.000 соларни панели . Поставени се 856 километри кабли. Изградбата започна во ноември. Меј енерџи објави дека сите изведувачи се од Северна Македонија.

Новиот производител на струја додаде дека централата Новаци ќе има животен век од 25 години. Од компанијата изјавија и дека струјата ќе ја продава на слободниот пазар, пред се во земјава.