Бомба и најшокантниот трејд во историјата на НБА! Далас го испраќа Лука Дончиќ во Лејкерси за Леброн Џејмс!
Еден од најневеројатните трејдови во НБА е на повидок ! Имено, Далас Маверикс e cè блиску до договор за трејд со Лос Анџелес Лејкерс, во кој на Лејкерси ќе им се приклучат Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис.
Во замена, Далас ќе ги добие Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година. Во овој голем тринасочен договор учествува и Јута, пренесува добро информираниот новинар на ESPN, Шамс Чаранија.
Овој спектакуларен трансфер ја менува динамиката на НБА, бидејќи Дончиќ, еден од најдобрите играчи во лигата, им се приклучува на Лејкерси, додека Дејвис заминува од Лос Анџелес во Далас, каде ќе формира страшен тандем со Кајри Ирвинг. Овој трејд се очекува драстично да ги промени амбициите на двете екипи, но и на целата лига.