Поранешниот фудбалер Роналдо изјави дека ќе се кандидира за претседател на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), пренесува денеска Ројтерс.
Роналдо (48) ја заврши играчката кариера во 2011 година, а за бразилската репрезентација одигра 98 натпревари и постигна 62 гола.
Тој рече дека планира да се кандидира за претседател на CBF на изборите, кои треба да се одржат помеѓу март 2025 и март 2026 година.
Роналдо сака да го замени Едналдо Родригез како претседател на CBF.
-Веќе 20 години владее еден вид стагнација во бразилскиот фудбал, нема перспектива. Сите се незадоволни – изјави Роналдо за Глобо.
Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец најави дека ќе го продаде Ваљадолид кој го купи во 2018 година.
– Преговараме за продажба на клубот, се надеваме дека се ќе биде завршено наскоро. Тоа нема да ми биде пречка да се кандидирам за претседател на CBF – изјави Роналдо.