“БОМБА“ ПРЕД КЛУЧНИТЕ ИЗБОРИ ВО ЕУ – Дали Брисел би можел да преживее нов Виктор Орбан !?

Ненадејниот пораст на поддршката за екстремно десничарскиот политичар, Герт Вилдерс, ги наелектризира изборите во Холандија до максимум. Според една анкета, неговата анти-исламска и анти-ЕУ партија – Партија на слободата (ПВВ) дури се најде на првото место, веднаш до конзервативно-либералната партија ВВД на премиерот во заминување Марк Руте.

Гласачите ширум Холандија во денес (среда) избираат 150 членови на парламентот, а резултатите се очекуваат подоцна по полноќ.

До пред неколку дена во играта имаше тројца актери – ВВД на Марк Руте, кој се бореше со сојузот на Лабуристите и Зелените на чело со поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс, а тука е и новоформираната партија на аутсајдерот од десниот центар, Питер Омцигт.

Новиот лидер на партијата на Марк РутеДилан Јешилгоз, на почетокот на кампањата порача дека таа, за разлика од самиот премиер, нема да ја исклучи ПВВ од коалициските преговори. Оттогаш, Герт Вилдерс зазеде поумерен тон, ставајќи до знаење дека е „достапен“ за коалициски преговори. Но, неговата анти-исламска реторика остана во голем дел од изборната програма на ПВВ. Партијата сака да ги забрани џамиите, Куранот и исламските шамии во владините згради. Герт Вилдерс, цврст евроскептик, исто така повикува на референдум за напуштање на Европската унија.

Неговата изборна победа дефинитивно ќе ја потресе Холандија.

Лидерот на ПВВ се „бори“ против исламот повеќе од 15 години, откако ја основа партијата во 2006 година. Тој се смета за политички пријател на Виктор Орбан и Марин Ле Пен. Пред неколку години, тој беше осуден за навреда на група луѓе врз основа на нивното потекло, откако во говорот во 2014 година повика на намалување на бројот на Мароканци во Холандија.

Во 2017 година, странските медиуми се нафрлија на Холандија, плашејќи се дека земјата би можела да стане третата земја што ќе падне под националистички популизам по гласањето за Брегзит во Велика Британија и изборот на Доналд Трамп за претседател во САД.

На прашањето во понеделникот, што ќе им каже на странските студенти чиешто присуство во Холандија сака да го ограничи, Герт Вилдерс се сврте кон публиката и безобразно праша: „Каде се тие ?“.

слика
Герт Вилдерс

Поради неговите екстремни ставови, му треба 24-часовна полициска заштита што ја уживаше повеќе од една деценија, откако неговото име се појави на листата на исламистички терористи поврзани со убиството на режисерот Тео ван Гог во 2004 година. Герт Вилдерс и неговата сопруга оттогаш живеат во сигурни (безбедни) куќи.

Но, неговата запалива политика не ја подели само Холандија, туку и неговото семејство. Имено, неговиот брат ги повикал луѓето да не гласаат за него и открил дека ги прекинале сите врски. Герт Вилдерс создава проблеми и во странство – во 2009 година му беше забранет влез во Велика Британија откако британската Влада го прогласи за „непожелна личност“.

На холандската политичка сцена, Герт Вилдерс накратко беше оспоруван од помлади екстремно десничарски имиња, вклучително и Тиери Боде, чија политичка организација беше на врвот на анкетите на покраинските избори во 2019 година. Претходно оваа година, Каролин ван дер Плас и нејзиното десничарско популистичко движење БББ победија на покраинските избори и со тоа станаа најголемата партија во Горниот Дом на холандскиот Парламент. Тој моментум оттогаш згасна, а партијата моментално е на шестото место во анкетите.

Анкетата на Politico покажува дека Дилан Јешилгоз води со 18 отсто, потоа Герт Вилдерс и Франс Тимерманс со по 16 отсто и партијата на Питер Омцигт со 15 отсто. Со оглед на тоа што разликите меѓу ривалите се толку мали, експертите предупредуваат дека е невозможно да се предвиди која од четирите страни ќе победи.