Боранијата е многу хранлив и здрав зеленчук. Спаѓа во групата на мешункаст зеленчук. По потекло е од Мексико. За народите на старите цивилизации, покрај пченката и тиквата, боранијата била главна храна.
Боранијата (Phaseolus vulgaris) во Европа ја довеле Шпанците во 16-тиот век и се препорачува за исхрана поради своите биолошки и лековити состојки. Боранијата содржи разни хранливи корисни и лековити состојки: аргинин, бакар, протеини, јагленохидрати, растителни масти, растителни влакна – целулоза, Б витамини, витамини Ц, Е, К, железо, инозитол, калиум, калциум, кобалт, магнезиум, манган, минерални соли, натриум, никел, сапонини, селен, фолна киселина, флуор, фосфор, цинк. Го јакне срцето и го регулира метаболизмот.
Боранијата го ослободува човековиот организам од отровните материи и е природен диуретик т.е. го зголемува излачувањето на урината.
Исто така, боранијата го намалува нивото на шеќерот во крвта. Боранијата е богат извор на растителни влакна, кои се неопходни за нормална функција на дебелото црево. Помага во превенцијата на ракот на дебелото црево. Витаминот Ц и бета каротидните, исто така, помагаат во одржувањето на здравјето на дебелото црево.