Бордел бара експерт за тестирање проститутки!? Шокантната реклама го крена цел град на нозе, реагираше и министерот
Бордел од Грац ја крена јавноста кога објави оглас во кој се бара личност чија работа би била да ги тестира услугите на проститутките.
– Вработуваме! Се бара ,,пробувач” на девојки! Пријавете се веднаш – пишува со големи букви на плакат на голем билборд на главната улица во Грац, Австрија, со кој борделот „Максимус“ предизвика бура од реакции.
Австриската министерка за интеграција и семејство Сузана Раб веднаш реагираше на постерот на кој се огласува работа за „mädchentester“, односно некој чија работа би била да ги тестира услугите на проститутките.
– Стомакот ми се преврте кога го прочитав ова! Прикажувањето на жените и девојките како роба што може да се „испроба“ го величи насилството и е многу опасно – рече Раб, кој рекламата ја нарече „мизогинска и нехумана“.
Раб не е единствениот што мисли така.
Хајке Бекит, советничка за еднаквост на жените од Грац, ја осуди рекламата како „длабоко нехумана и одвратна“.
Бекет изјавува дека е изненадена што некој сè уште се осмелува да постави сексистички плакати.
Сопственикот на борделот, сепак, стои зад својот плакат. Тој објасни дека неговата потрага не е она што сите мислат.
– Тоа нема врска со проверка на сексуалната подобност или способност на девојките, туку со психолошка подготовка за оваа работа, која е веројатно најтешка на светот. Сиромаштијата и бегството од странска држава не треба да бидат причина за свртување кон проституција. Потребен ни е некој кој психолошки би ги проценил и подготвувал сексуалните работници – изјави Рене Валингер и додаде дека на огласот досега се јавиле стотици кандидати.
Рекламата треба да се отстрани наскоро бидејќи рекламирањето на борделите е забрането во Штаерска.
Градоначалничката на Грац, Елке Кар, рече дека го пријавила случајот во полиција, а плакатот оттогаш бил отстранет.