Борел предупредува: “Русија сериозно ја загрози нуклеарната безбедност на Запорожје!“

„Русија сериозно ја загрози нуклеарната безбедност предизвикувајќи испаѓање на украинската нуклеарна централа Запорожје од украинската електромрежа по денешниот напад“, предупреди високиот претставик на европската дипломатија Жозеп Борел.

Поради прекинот на електричното напојување,што беше воспоставено околу пладне, денеска мораше да се вклучат помошните дизел генератори за ладење на централата, што значително го зголеми ризикот од нуклеарен инцидент во последните неколку часа“, кажа Борел на маргините на европскиот состанок на шефовите на дипломатиите во Стокхолм.

Тоа е сериозна закана за нуклеарната безбедност за која е одговорна Русија“, предупреди високиот претставник на Европската унија.

Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа. А Русија ја загрозува безбедноста на целиот европски континент, вклучително и Русија“, додаде тој.

Напојувањето во украинската нуклеарна централа Запорожје повторно беше воспоставено околу пладне. Централата беше заземена од московските сили и утринава беше затворена по рускиот напад“, соопшти украинскиот оператор на електричната мрежа.

За превенирање и санирање на штетите од нападот денеска беа вклучени 20 помошни генератори, со залихи за итни случаи, што ќе овозможат работа од околу петнаесет дена.

Без електричната енергија произведена од овие генератори, прегревањето на горивото во реакторите може брзо да предизвика нуклеарен инцидент, како оној во Фукушима, Јапонија во 2011 година.