Борисов кон Мицкоски: Сега веќе не можете да сметате на нашата поддршка

„Договорите, особено меѓународните, кои се дел од преговарачката рамка на ЕУ, се почитуваат. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, обраќајќи му се на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Борисов изјави дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат. Какви било толкувања не се добри за колегите од Македонија“, смета Борисов.

Тој нагласи дека доколку има редовен кабинет ќе иницира средба со премиерот на Македонија.

„Без нашата и поддршката на Грција,Македонија нема шанси за ЕУ. Сега нека бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, сега не можат да сметаат на истата“, категоричен е лидерот на ГЕРБ.