Борис Новковиќ потврди дека е разведен по четврти пат: Најважно ми е да имам мир

Откако повторно почна да се шпекулира разводот на Борис Новковиќ и 25 години помладата манекенка Ајрис Волф, музичарот реши самиот да проговори на оваа тема.„Ирис и јас се разведовме во 2020 година, но не сакав да излегувам во јавноста со тоа. Во моментов најважно ми е да имам мир“, потврди Новковиќ во 24 часа.

Да потсетиме, за четвртата разделба на хрватскиот пејач повторно почна да се зборува откако на концертот се појави без бурмата.

Двојката имаше две деца во бракот.

Инаку, Борис се женеше четири пати. Беше во брак со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ (51). Тие се венчаа млади и беа во брак пет години. Вториот пат се ожени со новинарката Луција Матиќ. Со неа ги има синовите Ноа и Бона. По трет пат се ожени со Инес Катиќ, а по осум месеци се разведоа.