Поранешниот претседател на Србија и претседател на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ изјави дека нема да го потпише француско-германскиот предлог. Тој нагласи дека најголемиот апсурд е што владата на Александар Вучиќ го загуби Косово на мир.
„Одговорноста на оваа влада за позицијата на Србија денес во контекст на решението на косовското прашање е голема и ако се земе предвид дека истите опции беа на власт и во деведесеттите, секако може да се зборува и за историска одговорност. . Секако, имам на ум дека најголемата историска одговорност е на оние кои можеа да одлучуваат за ова прашање пред 1990-тите, а особено пред Уставот од 1974 година. Во текот на 1990-тите Србија го изгуби Косово во војната и тоа е апсурдно дека загуби во последната деценија и во мир“, изјави Тадиќ за Нова.
Тадиќ понатаму рече дека нема да го потпише француско-германскиот предлог.
„Би било неодговорно да одговорам јасно на ова прашање додека сè уште не го знаеме конечниот текст што ќе биде понуден на потпис. Тоа што сум го видел досега и што се покажа во јавноста, не би го потпишал. И за разлика од другите, ова не го кажувам на демагошки начин, туку стојам зад себе, бидејќи одбив да го потпишам она што подоцна оваа влада го потпиша како Бриселски договор“.
Според него, доколку Себрија го прифати овој предлог, ќе биде тешко да се спречи членството на Косово во ОН.
„Доколку се потпише договор во рамките за кои денеска се разговара во јавноста и меѓународните кругови, ќе биде многу потешко. Речиси невозможно. Оваа влада, денес е јасно, сигурно барем неколку месеци била свесна за барањата што ќе и се стават на Србија и не направила ништо да го спречи тоа. Потсетувам дека ниту во септември на Генералното собрание на ОН, Вучиќ ниту еднаш во својот говор не кажа дека членството на Косово во ОН е неприфатливо за Србија.
И тоа беше апсолутно неопходно, бидејќи оттогаш знаеше дека токму тоа членство ќе биде поставено како услов во предлогот „пет“. Неспорно е дека оваа влада прифати пасивен став во историски околности во кои имаше можност да направи пресврт со активна политика, лобирање и силна дипломатска офанзива“.
Тој зборуваше и за тоа дали со потпишувањето на овој предлог може да се стави крај на политичкиот живот на Александар Вучиќ во Србија.
„Во оваа смисла, не може целата вина да се фрли на Вучиќ, бидејќи е нереално да се очекува Вучиќ да се замени самиот себе. Тој е силен како опозицијата и е манипулативен колку што граѓаните прифаќаат да бидат изманипулирани. И затоа треба да се занимаваме со себе, а не со Вучиќ.
Несфатливо е денес, според пропагандниот модел на Вучиќ, некои опозициски лидери да ја поистоветуваат поддршката за овој договор со евроинтеграциите. Тоа е директна измама на граѓаните, од која корист има само Вучиќи. По овие избори, за жал, јасно е дека кај некои од нив не е несвесна грешка од незнаење, туку свесна соработка со режимот. Како што Вучиќ му е сервилен на Западот по прашањето за Косово, така и овие лидери се подеднакво сервилни кон Вучиќ и ова е стапицата во која се наоѓа српското општество во последната деценија“, рече тој.
Тадиќ исто така рече дека е јасно оти никој не и се заканува на Србија со санкции и изолација.
Таму стигнавме затоа што беше само прашање на време кога ќе излезе таа трагикомична лага дека во оваа влада Србија „веќе не се витка“ и дека „го вратила угледот во светот“. Секако, се покажа дека сите тие повеќегодишни гласини, каде претседателот се декларира како волк, а прогресивците се негови волци, беа лажни. Еден ден се декларира како волк, другиот ден отворено кажува дека е немоќен и се жали дека за време на неговиот мандат Србија дала се, а ништо да не добила. Но, извесно е дека никој не и се заканува на Србија со санкции и изолација и тоа е намерна измама на граѓаните за да ги оправдаат следните потези, што го потврдија и амбасадорите на земјите учеснички во изготвувањето на предлогот“.