Борис Џонсон го каснал ној, неговата сопруга објави урнебесно видео: Премногу смешно за да не се сподели
Поранешниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон бил каснат од ној за време на сафари во Тексас. Урнебесниот клип што на социјалните мрежи го сподели неговата сопруга Кери Џонсон насмеа многумина.
Семејството било во автомобилот кога животното им пришло и го каснало, по што тој пцуел. До него беше неговиот петгодишен син Вилфред, кој се насмеа на целата ситуација.
„Беше премногу смешно да не се сподели“, рече Кери Џонсон во описот на видеото.
„Морам да признаам дека го гледав ова повеќе пати“, „Го сакам ова видео. Ви благодарам што го објавивте“, „Борис е толку смешен. Се обложувам дека ве смее секој ден“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Ова не е прв пат Борис Џонсон да прави гаф. Во август 2012 година, додека беше градоначалник на Лондон, се заглави на зип-лајн за време на Олимписките игри. Тој висеше во воздух неколку минути додека не беше спасен.
Потоа, во октомври 2015 година, тој беше снимен како случајно соборува 10-годишно момче на подот за време на пријателски рагби натпревар во Јапонија.