БОРA ЧОРБA ГИ ОТКАЖА НАСТАПИТЕ ПОРАДИ ЛОШО ЗДРАВЈЕ: Се огласија од групата: Ќе ја победиме болеста

Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, ги откажа сите настапи до понатамошно известување, поради лоша здравствена состојба, објавија на Фејсбук групата на бендот.

Бора Чорба, Бора Ѓорѓевиќ

– Поради нарушено здравје, лекарите му забранија да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови како и влошување со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако како и секогаш ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави ќе се видиме на нови собири – објавија на социјалната мрежа.