Босанка пронајдена пред тоалет на автопат: Немала јакна, се тресела од студ, а потоа следувала комичната приказна

Жена (73) од БиХ е пронајдена без јакна стои на студот на паркингот на одморалиште во близина на Видергелтинген во Германија.

Необичната сцена се случила во неделата околу 3.30 часот.

На луѓето кои и’ пријдоа на помош таа им кажала дека патувала од БиХ во Швајцарија со братот и снаата и оти отишла во тоалетот во одморалиштето, но откако се вратила, тука не биле ниту братот ниту автомобилот.

Таа излегла од автомобилот без јакна и телефон, па не можела да му се јави на брат и’ да се врати. На крајот повикала полиција која ја згрижила жената додека се обидувале да воспостават контакт со нејзиното семејство.

Германските медиуми јавуваат дека нејзиниот брат (67) сфатил дека сестра му ја нема некаде околу Цирих. Ниту неговата сопруга ниту тој не забележале дека жената отишла во тоалет. Кога сфатиле дека ја нема, очајни се вратиле назад, а во меѓувреме ја контактираа полицијата во Видергелтинген бидејќи застанаа само таму.

За нивна среќа жената беше безбедна и по четири часа целото семејство повторно беше заедно.