Ботоксот попушта! Том Круз е целосно непрепознатлив, сите се прашуваат што се случило со неговото лице

Познатиот актер Том Круз беше фотографиран опуштено, а многумина беа изненадени од неговиот изглед.

Миленикот на жените и еден од најголемите холивудски заводници, Том Круз изненади многумина со своето најново издание.

Актерот е непрепознатлив

Тој беше фотографиран додека се враќаше од концертот на Тејлор Свифт во Лондон, каде се забавуваше со други познати личности. Сепак, она што го привлече вниманието е тоа што неговото лице беше значително различно. 

Видно нагласените кругови под очите, полни образи и брчки покажуваат дека колку и да се труди да ги сокрие годините, Том Круз сепак не може да го направи тоа. 

Ботоксот попушта

Колку и да се труди, актерот не може да ги сокрие годините. Според мислењето на многумина на социјалните мрежи, ботоксот му помага, иако Том никогаш не потврдил дека направил козметички корекции .

Многумина веруваат дека претерал со ботоксот и дека овие фотографии ја покажуваат вистинската состојба на работите.