Бочварски: Пасошите за траснпортерите се на „брзата лента“ во МВР и се предадени за работа

 Како што веќе информирав пасошите за транспортерите се предадени во МВР и оттаму сум информиран дека се веќе предадени во работа во нивните управни служби и тие ќе стапат во контакт со лицата кои се заинтересирани да добијат патни исправи во наредните денови, рече министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски во одговор на новинарско прашање на МИА до каде е постапката за издавање на пасоши на транспортерите на „брзата лента“ на МВР при денешната посета на Граничниот поремин Дојран.

Тој додаде дека во текот на вчерашниот ден од здруженијата на транспортерите добиле уште една листа за околу дваесетина лица кои треба да ги добијат пасошите преку така наречената „брза лента“ за да можат непречено да работат.

-Уште еднаш апелирам до транспортерите, на тие кои им истекуваат пасошите или им се истечени, веднаш да се обратат до здруженијата на траспортерите и да се вклучиме и да им помогнеме, истакна Бочварски.

Инаку, на средбата на министерот со здруженијата на транспортерите, што се одржа пред неколку денови во Струмица, беше договорено барањата за издавање на пасоши за возачите да теле преку „брзата лента“, а списоците за околу 120 возачи беа предадени во МВР