Бојмацалиев: Внатрешната контрола на МВР да го истражи нападот на полициски службеник врз колега

– Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска на социјалната мрежа Фејсбук го осуди инцидентот што ноческа се случил во угостителски објект во Скопје, кога полициски службеник нападнал друг колега кој извршувал службени дејствија. Побара случајот да го расветли внатрешната контрола на МВР. 

-Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално. Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност, напиша Бојмацалиев на Фејсбук.

Според него ова е преседан преседан во полициското работење. 

– Повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата, посочува Бојмацалиев.