БРАВО! Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски освои трофеј во Австрија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е победник на турнирот што се одржуваше во Крамзах, Австрија.

Македонецот денес во финалето го победи Џерард Кампана Ли од Јужна Кореја, со 2:0. Во двата сета Калин Ивановски беше подобар и ги реши со 6:2.

Калин Ивановски кој е 335. На АТП ранг-листата беше втор носител на турнирот кој се играше за награден фонд од 25 илјади долари. Џерард Кампана Ли е 601. на АТП рангирањето.

Ова е втор трофеј за македонските тенисер. Претходно победи на турнир во Скопје минатиот месец.