Бразилка во петтиот месец од бременоста играше одбојка и ја крена публиката на нозе (видео)

Бразилската одбојкарка Присила Оливеира Хелдес го привлече вниманието на светската јавност бидејќи и во петтиот месец од бременоста настапи на еден од натпреварите на нејзиниот Флуминенсе во бразилскиот шампионат.

Хелдес играше во четвртфиналната плејоф серија на бразилското првенство и блескаше на позицијата техничар, во која своевремено настапуваше и за бразилската репрезентација.

33-годишната Бразилка со фантастични потези ја крена публиката на нозе, иако нејзиниот труднички стомак е многу забележлив уште на првиот поглед.

Нејзиниот Флуминенсе сепак беше елиминиран од плеј-офот, бидејќи Сеси-Бауру ја доби оваа четвртфинална серија со 2:1 и се пласираше во полуфиналето.

Инаку, Хелдес е во врска со бразилскиот кошаркар Весли Кастро со кој често објавува фотографии на социјалните мрежи.