Бразилскиот олимписки комитет објави дека ја испратил пливачката Ана Каролина Виера дома од Олимпијадата во Париз, додека нејзиниот соиграч Габриел Сантос добил предупредување откако го напуштиле селото без договор со раководството на тимот.
Имено, двајца пливачи без знаење на раководството на тимот го напуштија Олимпиското село каде што престојуваат повеќето спортисти за време на Олимписките игри во Париз, а нивниот прекршок беше откриен по нивните објави на социјалните мрежи.
Бразилскиот комитет реши да ги казни спортистите, но Виеира на груб и агресивен начин ја оспори одлуката на раководството на репрезентацијата.
BARRACO ENVOLVENDO ATLETAS BRASILEIROS EM PARIS!
— Nanda Xie (@nandaxxie) July 28, 2024
O casal de namorados Ana Carolina Vieira e Gabriel Santos, ambos da equipe olímpica de natação do Brasil, resolveram sair SEM autorização da Vila Olímpica durante a noite E FORAM PUNIDOS pela indisciplina. A nadadora reagiu de… pic.twitter.com/RPpksgfJXo
„Поради тоа Габриел Сантос доби опомена, додека Ана Каролина Виеира беше разрешена од делегацијата. Таа веднаш ќе се врати во Бразил“, соопштија од Бразилскиот комитет.
Тие истакнаа дека во Париз не дошле на одмор и да се забавуваат.
Овде се бориме за Бразил, за 200-те милиони даночни обврзници кои работат за нас“, изјави предводникот на бразилската пливачка репрезентација Густаво Отсука.