Секогаш кога СДС и ДУИ се фатени во криминал горат судови, се поплавуваат обвинителства или има пожар во Министерството за Правда.
Во ек на обелоденување на најголемите криминали за власта, мистериозно се случуваат непогоди, при кои очигледно се уништуваат документи.
Кога требаше некој од власта да одговара се случи поплава во ЈО.
Кога државата се тресеше од големи скандали гореше Министерство за правда.
Сега кога секојдневно излегуваат нови криминали афери за владата изгоре архивата на судот во Куманово.
По некоја случајност од Куманово е и Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски.
Дали пожарот во судот во Куманово опфатил и документи за нив или ним блиски лица? Што е уништено, а што останало, очигледно со оваа власт нема да дознаеме.
Затоа се потребни промени, за ослободување на институциите и создавање клима во која истите ќе бидат слободни да делуваат само по закон.
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, пратеник.