БРАНОВИТЕ ЈА ОДНЕЛЕ МЛАДАТА АЛЕКСАНДРА: Полицајката застанала на брегот да се слика, камерата го снимила ужасот, нуркачите се уште го бараат ТЕЛОТО (ВИДЕО)
Младата полицајка Александра Олешчук (20) исчезна во неделата во Црното Море во близина на Одеса.
Голем бран Александра ја одвлекол во разбрануваното море кога застанала на брегот да се фотографира. Хоророт е снимен со камера, додека локалните медиуми јавуваат дека телото на девојката се уште не е пронајдено.
Никој од присутните не се осмелил да и помогне навреме бидејќи брановите биле превисоки и силни. На видеото се чини дека девојката ја удрила главата откако паднала.
– Сакаше да се фотографира на пристаништето како сувенир од нејзиниот престој во Одеса. Првиот бран ја соборил од нозе, а вториот ја однел во морето… Во тек е потрагата по телото во која учествуваат нуркачи на Државната служба за вонредни состојби – соопшти украинската полиција.
Олешук дипломирала на Државниот универзитет за внатрешни работи Лавов во април минатата година и била локална полицајка на полициската управа на округот Ривне.
Според извештаите на локалните медиуми, Олешчук дошла во Одеса на одмор ден пред трагедијата.