БРАН НА ОТПУШТАЊА ВО ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КОМПАНИИ ВО СВЕТОТ – Стотици инженери останаа без работа, а ова е само почеток !?
Една од најпознатите компании во светот Google („Гугл“) најави дека ќе отпушти стотици инженери, а исто така подготвува стотици отпуштања за работниците во својот виртуелен оддел за т.н. „личен секретар“, по плановите за зголемена употреба на генеративна вештачка интелигенција.
Стотици инженери во главниот тим на софтверскиот гигант и работници во одделот за апликации ќе останат без работа. Планирани се и отпуштања во хардверскиот тим одговорен за апликациите Pixel, Nest и Fitbit, како и поголемиот дел од тимот за проширена реалност (AR).
Во 2021 година, Google ја купи компанијата за следење здравје и фитнес Fitbit за 2,1 милијарди долари, а потоа лансираше нова верзија на Pixel Watch, производ кој се натпреварува со некои слични уреди и Apple Watch – смарт-часовникот на компанијата Apple.
„Во втората половина на 2023 година, многу од нашите тимови направија промени за да станат поефикасни и да работат подобро и да ги усогласат ресурсите со врвните приоритети на производите. Некои тимови продолжуваат со организациски промени кои вклучуваат намалување на некои работни места ширум светот“, изјави портпаролот на Google, пренесува медиумската агенција Reuters.
Тој не прецизираше колку работни места ќе бидат укинати и не да даде бројка за Google Assistant и другите тимови.
Отпуштањата се совпаднаа со зголемената употреба на генеративна вештачка интелигенција во компании како Microsoft и Google по успехот на ChatGPT на OpenAI.
Минатата година Google објави дека ќе го збогати виртуелниот асистент со можности за генеративна вештачка интелигенција.
Пред една година, Alphabet објави дека ќе отпушти 12.000 работници, што е еднакво на шест проценти од нејзината светска работна сила. Во септември 2023 година, Alphabet вработуваше 182.381 работници.